понеделник, 25 ноември 2024

Скопјанец удрил во пешак и избегал од местото на несреќата

Вчера наутро во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата на улицата Филип Втори Македонски и Кеј 13-ти Ноември во Скопје патничко возило цитроен со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Б., удрило во Д.Д. од Кавадарци, по што го напуштил местото на несреќата

Објавено на

часот

Сподели

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Д.Д., констатирани во Градската општа болница Св.Наум Охридски. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Вчера попладне пак, во СВР Битола било пријавено дека на улица Генерал Васко Карангелевски патничко моторно возило сеат со битолски регистарски ознаки, управувано од В.М. од Битола, удрило во пешакот 70 годишниот И.Ж.

„Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола“, информираше МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ