Првиот носител на УС Опен, Италијанецот Јаник Синер ја оправда фаворитската улога и стигна до големото финале.
Во полуфиналната пресметка Дрејпер му пружи сериозен отпор во првите два сета, но падна во третиот.
Првиот сет Синер го доби со 7-5, а во вториот се играше тајбрејк кој Италијанецот го доби со 7-3. Во третиот сет Јаник беше подобар со 6-2.
Голема борба имаше во американското полуфинале меѓу Фриц и Тиафо кое се играше во пет сета.
Тиафо почна одлично, го доби првиот сет со 6-4, но во вториот Фриц беше подобар со 7-5 и изедначи на 1-1.
Френсис Тиафо го врати водството откако го доби следниот сет со 6-4, но со иста мера возврати Фриц со 6-4 за израмнување на 2-2. Во третиот решавачки сет Фриц беше убедлив со 6-1.