понеделник, 25 ноември 2024

Шведскиот Врховен суд ја запре екстрадицијата на двајца турски државјани

Објавено на

часот

Сподели

Како што се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на судот, тие во Анкара се обвинети за учество во вооружена терористичка организација, меѓутоа, според шведските закони „има пречки за екстрадицијата“.

„Турција побара екстрадиција на двајца турски државјани. Во едниот случај се бара екстрадиција за извршување на затворска казна, а во другиот за кривично гонење. Врховниот суд смета дека и во двата случаи постојат пречки за екстрадиција“, се наведува во соопштението на судот.

Се истакнува дека, според турската страна, споменатите државјани се поврзани со движењето Ѓулен, кое Анкара го смета за вооружена терористичка организација.

Турските државјани ја презеле и ја користеле мобилната апликација што ја користат членовите на движењето, се додава во соопштението.

Според Врховниот суд на Шведска, „симнувањето и користењето мобилна апликација само по себе не може да се смета“ како учество во одредена терористичка организација и потребно е да се процени дали тоа е кривично дело во согласност со шведскиот закон.

Дополнително, се додава во соопштението, постојат пречки поврзани, меѓу другото, со тоа што турските државјани имаат статус на бегалци и „ризик од прогон доколку бидат екстрадирани“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ