Акцијата на полицијата е од 3-ти декември а токму со возилото на лицето од Грчец со кое седи Мицкоски на иста маса била превезувана дрогата вредна 120.000 евра.
Што бара Мицкоски на иста маса со лица од подземјето? Радикали, дилери, лица фатени со кокаин, со такви луѓе е опкружен Мицкоски.
Истакнат член на ДПМНЕ од Пештани и близок соработник на Мицкоски беше фатен со кокаин. Радикали и извршители на грозни злосторства како Палевски, ете тоа се луѓето кои се блиски до ДПМНЕ и Мицкоки.
А Мицкоски се среќавал со Палевски. И молчи со денови за тоа што разговарале. Со какви луѓе е опкружен Мицкоски кажува за тоа каков е. Прашање е дали Мицкоски е претседател на политичка партија или на некоја подземна организација“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.