среда, 27 ноември 2024

Шест лица загинаа во руските напади во источна Украина

Шест лица загинаа денеска во неколку руски напади врз областа Доњецк во источна Украина, соопшти регионалниот гувернер на регионот, од каде руските сили објавија дека зазеле уште едно село.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Утринава Русите убија четири лица и уништија куќа во Измаиливка, село блиску до фронтот“, изјави гувернерот Вадим Филашкин преку Телеграм.

Тој додаде дека во тој напад биле убиени членови на истото семејство, родители и нивните деца на возраст од 17 и 24 години.

Во вториот напад, две лица загинаа во близина на Часов Јар, регионално упориште, додаде тој.

Украинската армија се бори на исток, во епицентарот на борбите, каде што руските трупи постепено напредуваат во последните неколку месеци.

Москва известува за освојување на села, иако досега не успеала да направи вистински пробив.

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека руски војници го окупирале малото гратче Комичивка, на околу 20 километри југоисточно од Покровск, град кој е важен логистички центар.

Украина неодамна нареди евакуација од големи размери поради напредувањето на руските сили кон Покровск, кој Русија се обидува да го освои.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во понеделникот дека е најтешко во тој сектор и дека најголем дел од руските напади се концентрирани таму.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ