Сијарто на Фејсбук напиша дека победата на Доналд Трамп на американските претседателски избори ѝ пружила на Европа шанса да го обнови мирот на континентот, но дека постојат многу воинствени политичари од двете страни на океанот кои се противат на тоа.
Шефот на унгарската дипломатија предупреди дека нападите со американско оружје длабоко во руска територија би можеле да доведат до избивање на трета светска војна.
Светските медиуми, меѓу кои и Ројтерс и Њујорк тајмс, објавија дека администрацијата на Бајден му одобрила на Киев да ги користи крстосувачките ракети со долг дострел АТАКМС за напади длабоко во руска територија.
Вашингтон сè уште не ја потврдил оваа информација.