петок, 6 декември 2024

Лавров: Русија сака да избегне нуклеарна војна

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Рио Де Жанеиро на самитот на Г20 кажа дека користењето на американските проектили со долг дострел АТАКМС во украинскиот напад на Брјанск е сигнал дека Западот сака да го ескалира конфликтот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Лавров кажа дека „без Американците е невозможно да се користат овие високотехнолошки ракети. Владимир Путин за тоа зборуваше неколку пати“, пренесува руската новинска агенција ТАСС.

Во септември рускиот претседател кажа дека употребата на оружје на цели во Русија ќе претставува „директна вмешаност на НАТО, Соединетите Американски Држави и европските земји во војната во Украина“.

Со благо ублажување на денешната реторика околу нуклеарното оружје, Лавров кажа дека Русија е строго посветена на ставот за избегнување нуклеарна војна, и дека тоа оружје е средство за одвраќање.

Тој сугерираше дека ништо во ажурираната нуклеарна доктрина која денес ја објави Москва не се разликува од било што во стратегиските документи на САД, кои исто така вклучуваат широки поими како дозволување американска употреба на нуклеарно оружје за „сопирање потенцијално надмоќни конвенционални непријателски сили“, обезбедување успех на операција или завршување војна под услови поволни за САД.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ