среда, 4 декември 2024

Шефот на унгарската дипломатија: Пред нас се два најопасни месеци – одлуките на Бајден можат да предизвикаат катастрофа

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека следните два месеци ќе бидат најопасните во последните децении. Тој предупреди дека претседателот на Соединетите Американски Држави во заминување Џо Бајден, „чии капацитети многумина ги доведуваат во прашање“, може да донесе одлуки кои би имале катастрофални последици за светот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Сијарто на Фејсбук напиша дека победата на Доналд Трамп на американските претседателски избори ѝ пружила на Европа шанса да го обнови мирот на континентот, но дека постојат многу воинствени политичари од двете страни на океанот кои се противат на тоа.

Шефот на унгарската дипломатија предупреди дека нападите со американско оружје длабоко во руска територија би можеле да доведат до избивање на трета светска војна.

Светските медиуми, меѓу кои и Ројтерс и Њујорк тајмс, објавија дека администрацијата на Бајден му одобрила на Киев да ги користи крстосувачките ракети со долг дострел АТАКМС за напади длабоко во руска територија.

Вашингтон сè уште не ја потврдил оваа информација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ