петок, 6 декември 2024

Брејвик повторно побарал да биде пуштен на условна слобода

Десничарскиот активист и масовен убиец Андерс Беринг Брејвик, кој во 2011 во Норвешка уби 77 луѓе, повторно денес побарал да биде пуштен на условна слобода.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тоа негово барање најверојатно нема да биде исполнето, пишува агенцијата Франс прес и потсетува дека првото барање за условна слобода од јануари 2022 беше одбиено со објаснување дека постои „јасен ризик“ осуденикот да се врати на однесувањето кое довело до нападот во 2011.

Според норвешкиот закон на 45-годишниот Брејвик му е дозволено да побара привремено условно пуштање од затвор еднаш годишно, откако ќе отслужи десет години од казната.

„Тој бара условно пуштање на слобода, но малку е веројатно дека ќе му го одобрат“, кажа денес адвокатот на Брејвик Ојстин Сторвик, пред почетокот на тридневното рочиште.

Брејвик, облечен во црно одело со кравата и со натпис со политички пораки, присуствувал денес на рочиштето кое од безбедносни причини се одржува во фискултурната сала на затворот Рингерике.

„Ако ми се пружи прилика да излезам, ќе ѝ бидам од огромна помош на норвешката држава и тоа нешто го сфаќам многу сериозно“, кажал Брејвик.

Осудениот неонацист ги искористи и своите претходни појавувања на суд за да ги изрази своите екстремистички ставови.

Брејвик во 2012 беше осуден за масовно убиство и тероризам за време на бомбашкиот напад во кој беа убиени осум лица во владина зграда во Осло, а веднаш потоа и за време на масакрот со огнено оружје во летниот камп на островот Утоја, каде уби 69 главно млади луѓе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ