среда, 11 декември 2024

Нетанјаху во централна Газа најави дека Хамас повеќе нема да владее со таа територија

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху денес посетувајќи го Коридорот Нецарим во централниот дел на Појасот Газа најави дека Хамас нема да владее со таа територија, и дека секој кој ќе ги повреди израелските заложници тоа скапо ќе го плати.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Нетанјаху оцени дека израелските сили „постигнале одлични резултати кон важната цел, Хамас да не владее во Газа“, пренесуваат израелските медиуми.

„Ние ги уништуваме неговите воени способности на многу импресивен начин и ние одиме по неговите капацитети да владее. Хамас нема да биде во Газа“, кажа израелскиот лидер.

Тој го посети Коридорот Нецарим во придружба на министерот за одбрана Израел Кац, шефот на војската генерал-потполковникот Херци Халеви и шефот на внатрешната безбедносна служба Ронен Бар.

Израелскиот премиер кажа и дека Израел прави сè што може да ги врати дома заложниците и дека не попушта, дека ќе продолжи додека „не стигне до секој и жив и мртов“.

Осврнувајќи се на оние кои ги држат заложниците Нетанјаху се закани дека секој кој ќе ги повреди ќе сноси одговорност.

„Ние ќе ве гониме и ние ќе ве стигнеме“, кажа израелскиот премиер.

Тој ја повтори понудата да даде пет милиони долари на секој во Газа кој ќе предаде заложник на Израел.

„Одлуката е во ваши раце, но резултатот ќе биде ист. Ние ќе ги вратиме сите дома“, порача Нетанјаху.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ