среда, 11 декември 2024

Берлин: Прекинот на двата оптички комуникациски кабли под Балтичко Море е саботажа

Прекинот на двата оптички комуникациски кабли под Балтичко Море е резултат на саботажа, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Никој не верува дека овие кабли се случајно прекинати“, кажа Писторус во Брисел, додавајќи дека тоа изгледа како чин на саботажа, иако засега нема докази, пренесува Ројтерс.

Кабел за пренос на податоци под Балтичко Море, меѓу Финска и Германија, е прекинат, а причината за прекинот се истражува, соопштија вчера финските власти.

Финскиот провајдер на услуги за пренос на податоци кој го контролира државата Циниа соопшти дека е откриен „дефект“ на кабелот Ц-Лион1, кој се протега под морето речиси 1.200 километри од финската престолнина Хелсинки до германскиот пристанишен град Росток.

Циниа соопшти дека финските меѓународни врски за податоци, како и телекомуникациските врски се обезбедени со тоа што ќе се одвиваат преку неколку рути, а ефектите на дефект на еден кабел ќе зависат од нивото на безбедност на врските на провајдерот на услугите.

Ц-Лион1 е пуштен во работа во 2016 година, а е единствен фински кабел за пренос на податоци кој оди од таа нордиска земја директно до централна Европа, според финскиот јавен емитер ИЛЕ.

Финските медиуми забележуваат дека трасата на кабелот до Германија минува во близина на двата крака на гасоводот Северен тек меѓу Русија и Германија кои во моментот не функционираат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ