вторник, 19 ноември 2024

Се запали уште еден автобус на ЈСП во движење

Денеска, автобус што сообраќаше кон Злокуќани се запали во движење. За среќа, нема повредени патници.

Објавено на

часот

Сподели

Противпожарните екипи реагираа навреме, а причините за инцидентот сè уште се истражуваат.

По настанот, од Град Скопје обвинија дека владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски се одговорни за тековниот хаос во ЈСП. Тврдат дека блокадата во Советот е главната причина за лошата состојба во претпријатието.

„Единствен виновник за континуираната криза во ЈСП е Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, чии советници, предводени од Трајко Славевски, веќе три години не гласаат за замена на дотрајаните автобуси со нови, ниту за решавање на хаосот што самите го предизвикуваат во јавниот превоз“, се наведува во соопштението на ЈСП.

Сепак, фактите покажуваат поинаква слика. Во последните две години, ЈСП доби субвенции од околу 23 милиони евра со поддршка на советниците од ВМРО-ДПМНЕ. Овие средства беа наменети за решавање на проблемите, редовно функционирање на автобусите и навремена исплата на платите за вработените, што беше ветено од Град Скопје. Но, состојбата остана непроменета.

Вработените неколкупати штрајкуваа поради доцнење на платите. Многу автобуси остануваат во гаражите поради недостиг на гориво, а оние што сообраќаат често се технички неисправни. Резултатот се сериозни инциденти: автобуси излетуваат од патот како во Раштак, удираат во објекти како кај „Мавровка“, или се запалуваат во движење, како денешниот случај во Злокуќани и неодамнешниот во Бутел.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ