среда, 11 декември 2024

Дрзок крадец приведен за осумдневен притвор

Секторот за внатрешни работи – Скопје поднесе кривична пријава против 32-годишниот скопјанец Џ.З., поради сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор од осум дена, информираат вечерва од Министерството за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

На 17 ноември во 12:30 часот во СВР – Скопје, 44-годишната Х.Д. пријавила дека околу 11:50 часот на автобуска постојка на подрачјето на Карпош, едно лице со употреба на сила ѝ одзело паричник и мобилен телефон.

„Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР – Скопје презедоа мерки и активности и го расчистија случајот. Џ.З. е лишен од слобода и поднесена е соодветна кривична пријава“, истакнуваат од Министерството за внатрешни работи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ