среда, 27 ноември 2024

Се урна хеликоптер на вооружените сили на Босна и Херцеговина, членовите на екипажот се спасени

Хеликоптер на вооружените сили на Босна и Херцеговина (БиХ) се урна на 28 август во областа на езерото Јабланица, на југот на Босна и Херцеговина, потврди Министерството за внатрешни работи на Херцеговско-неретванскиот кантон (ХНК) за Радио Слободна Европа (РСЕ).

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Во хеликоптерот имало четворица членови на екипажот. Според првичните информации, тројца од нив не се повредени, еден побарал медицинска помош и е надвород животна опасност“, изјави Људевит Мариќ, портпарол на МВР на ХНК.

Хеликоптерот се урнал како последица на несреќа што им се случила, но подетални информации за причината за проблемот сѐ уште не се познати.

Полицијата излегла на местото на несреќата каде ќе изврши увид.

Според информациите на Кликс.ба од ресорното министерство, хеликоптерот се урнал за време на вежба, односно на пробата пред утрешната голема вежба на мисијата ЕУФОР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ