Како што информираа од ЕВН Македонија, нормализирано е и снабдувањето со електрична енергија во оние делови од Скопје, кои повеќе од 12 часа останаа без струја по вчерашното краткотрајно невреме што го зафати главниот град.
Дел од скопските населби синоќа останаа без струја, а причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија, според ЕВН Македонија, биле два 110-киловолтни далекуводи кои ги снабдуваат трафостаниците „Аеродром“ и „Исток“.