четврток, 12 декември 2024

Поевтинуваат бензинот и дизелот

Еуросупер бензините од 95 и 98 октани поевтинуваат за 1,5 денари за литар, eкстра лесното масло за 1 денар, а дизел горивото за половина денар од вечерва на полноќ, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Објавено на

часот

Сподели

Мазутот ќе се продава за цена пониска за 0,948 денари за килограм. Така одлучи Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на денешната седница, а намалувањето е во просек 1,64 посто.

Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат: моторен бензин – еурисупер БС – 95 – 75,50 (денари/литар), еуросупер БС – 98 – 77,50 (денари/литар), еуродизел БС (Д-Е V) – 68,50 (денари/литар), масло за горење – екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 68,00 (денари/литар), мазут М-1 НС – 42,985 (денари/килограм).

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување- бензините за повеќе од 4 проценти, а кај дизелот намалувањето е над 1 отсто.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ