Бројката од 12 загинати при превртувањето на бродот ја соопшти францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин.
„Ужасен бродолом во Па-де-Кале, во близина на Вимеро. Според привремените податоци, 12 загинати, двајца исчезнати и неколку повредени“, напиша Дарманин на Икс.
Тој додаде дека службите за итна помош работат на пронаоѓање на исчезнатите и пружање помош на настраданите.
Портпаролот на француската крајбрежна стража претходно изјави дека 10 лица се во критична состојба. Британската крајбрежна стража веднаш не одговори на истрагата за случајот.
Борбата против илегалната имиграција е приоритет и на британската и на француската влада. Повеќе од 2.000 луѓе пристигнале во Велика Британија со мали чамци во изминатите седум дена, според бројките на британската влада.
Францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер минатата недела ветија поблиска соработка за затворање на патиштата за криумчарење мигранти.
Ламанш е еден од најпрометните морски канали во светот, струите се силни, па преминувањето со мали чамци е опасно. Во август две лица беа пронајдени мртви откако брод со мигранти кои се обидуваа да го преминат Ламанш наиде на проблеми.