вторник, 26 ноември 2024

СДСМ: Приведувањето на новинарот Салиу покажа дека ДПМНЕ е режимска партија

Во ДПМНЕ нема промена, ДПМНЕ е режимска партија, што се потврди со бруталното апсење на новинарот Фуркан Салиу. На сите им е јасно дека ова е обид за замолчување и заплашување, откако новинарот објави афера директно поврзана со ДПМНЕ, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

„На чело на СВР Скопје и ЕБР се новопоставени началници од страна на Тошковски. Значи началниците назначени од Тошковски и ДПМНЕ дале наредба за апсење на новинарот Салиу.
За 7 години власт на СДСМ, не само што нема уапсен новинар, не само што претставките против новинари од функционери пред судовите се минато, туку Владата предводена од СДСМ донесе низа и законски решенија со кои се гарантира заштитата на новинарите.
ДПМНЕ само за 2 месеци покажа како мисли да ја практикува власта доколку ја добие, со сила. Одговорност за овој недемократски чин мора да има, заплашувањето и злоупотребата на МВР и другите институции под капата на ДПМНЕ мора да прекине“, соопшти СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ