„Дали Мицкоски го крие разговорот и се срами да соопшти како поминале неговите барања?
Дали воопшто ги поставил барањата за промена на преговарачката рамка?
Дали било што од ветувањата кои ги даде пред граѓаните во кампањата го покренал како прашање?
Или повторно, по веќе не знаеме кој пат од преземањето на власта, си ја подвиткал опашката?
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ требаше да го искористат самитот за зајакнување на македонските позиции во однос на Бугарија и Грција, но и други важни средби.
Засега се што добивме се многу насмеани селфи фотографии од министрите, една веќе постоечка инвестиција и никаков успех на дипломатски план.
ВМРО-ДПМНЕ секој ден покажува дека ништо од ветеното не планира да реализира ниту има капацитет за тоа“, се вели во соопштението на СДСМ.