понеделник, 25 ноември 2024
Реакција

СДСМ: Пу-пу не важи за Николоски „историскиот криминал“ со Бехтел и Енка

„Христијан Мицкоски велеше дека договорот со Бехтел и Енка е историски криминал.  Во бројни изјави речиси хистерично ВМРО-ДПМНЕ велеше дека договорот е штетен и дека е пљачка на народот. Денеска Александар Николоски сетоа тоа го фрли во вода, – пу пу не важи“, реагира СДСМ на изјавата на министерот за транспорт Николоски дека автопатот до Охрид мора да се изгради.

Објавено на

часот

Сподели

„Од денеска е сè различно. Од денеска ВМРО-ДПМНЕ и Владата на Христијан Мицкоски ќе го реализира истиот договор со Бехтел и Енка. Почетокот на мандатот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ покажува дека едно зборуваа како опозиција, а сега прават друго“, се вели во реакцијата на СДСМ.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ