сабота, 30 ноември 2024

СДСМ: Денес секој може да инвестира и да ја продава електричната енергија на македонска берза за струја

Објавено на

часот

Сподели

„СДСМ зад себе има резултати што прават разлика и тоа е видливо и мерливо во секое поле, во економсијата, слободата и демократијата, во земјоделството, во инфраструктурата, а особено во енергетиката. Во време на ВМРО-ДПМНЕ беа инсталирани 18 мегавати од обновливи извори на енергија, додека во време на СДСМ инсталирани се 283 мегавати, а од нив, 200 мегавати се инсталирани и веќе вклучени на мрежат само во изминатите година и три месеци. Додека во време на ВМРО-ДПМНЕ инвестициите во енергетиката беа привилегија само за неколкумина блиски до Белиот дворец, денес секој може да инвестира и да ја продава електричната енергија и тоа за првпат на македонска берза за електрична енергија. Сето ова се големи, суштински разлики помеѓу посветената работа на СДСМ и штетното дејствување на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ