Сабаленка двата сета ги доби со идентични 7-5 и 7-5, по што со многу емоции ја прослави големата титула.
За неа ова беше трет грен-смен турнир откако претходно двапати триумфираше на Австралија опен.
„Ова беше неверојатен месец за мене. Имав тежок почеток, но многу работи се променија. Конечно го освоив трофејот и си го остварив сонот. Имав неколку тешки недели“, кажа Сабаленка.
Белорусинката и минатата година играше во финале во Њујорк, но загуби од Коко Гоф.