САД „не смеат да дејствуваат под илузија дека Русија се држи до дипломатските односи со нивната земја“, рече Рјабков, пренесе Ројтерс. Русија ги опиша односите со САД како „под нулата“ поради воената и финансиската помош што САД ја обезбедуваат на Украина во војната.
Рјабков рече дека Русија нема да биде таа што ќе го иницира прекинот на дипломатските односи, но дека таквиот прекин може да биде поттикнат од различни фактори.
„Предизвикувачот може да биде конфискација на имотот, понатамошна воена ескалација и многу други работи. Тука не би навлегувал во негативни прогнози“, рече тој и додаде дека Москва е „подготвена за секое сценарио“.
Некои западни политичари бараат замрзнатите руски средства во вредност од околу 300 милијарди долари да и бидат предадени на Украина за да помогне во обновата на нејзината економија опустошена од војната.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави за новинарите дека таквиот потег ќе му нанесе сериозен удар на глобалниот финансиски систем.
Тој рече дека Русија никогаш нема да остави на мир ниту една земја што ќе го заплени нејзиниот имот и дека во такво сценарио би гледала каков имот од Запад би можела да конфискува како знак на одмазда.