четврток, 28 ноември 2024

Русија презеде контрола над уште 200 квадратни километри во источна Украина

Во јули Русија ја презеде контролата над речиси 200 квадратни километри во источна Украина, главно во регионот на Доњецк, се наведува во денешната анализа на Франс прес врз основа на податоците на американскиот Институт за проучување на војната (ИСВ).

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Овој „успех“, сепак, е половина од она што Русија го постигна во мај оваа година, кога војниците ја преместија линијата на фронтот и презедоа контрола на 449 квадратни километри на почетокот на новата руска офанзива во областа Харков, која потоа беше прекината.

Тоа тогаш беше најголемиот месечен напредок од март 2022 година.

Севкупно, од почетокот на 2024 година, Русија освоила 1.246 квадратни километри, што е значително повеќе отколку во цела 2023 година, кога окупираше 584 квадратни километри украинска територија.

Овој напредок, според АФП, е сè уште мал, бидејќи изнесува 0,2 отсто од територијата на Украина во 2014 година и не доведе до никаков одлучувачки пробив и покрај големите загуби.

Од почетокот на инвазијата на Украина на 24 февруари 2022 година, Русија окупираше 65.776 квадратни километри, ако се вклучи и Крим, кој го анектираше во 2014 година, и источните области кои веќе беа под руска контрола пред почетокот на инвазијата, таа површина изнесува 107.956 квадратни километри или 18 отсто.

Пресметките на Франс прес се направени од датотеки што секојдневно ги поставува ИСВ, кои се потпираат на информации од јавен карактер дистрибуирани од двата табора и анализа на сателитски снимки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ