среда, 27 ноември 2024

Русија и Украина разменија 230 воени заробеници (ФОТО+ВИДЕО)

Русија и Украина денеска објавија дека размениле 230 заробеници, меѓу кои и руски војници заробени за време на украинската офанзива во рускиот пограничен регион Курск.

Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

„По преговорите, 115 руски војници заробени во регионот Курск беа вратени од територијата под контрола на режимот во Киев. Во замена беа предадени 115 воени заробеници на украинските вооружени сили“, соопшти руското Министерство за одбрана.

Ослободените руски војници моментално се наоѓаат на територијата на Белорусија, близок сојузник на Москва, додаваат од Министерството.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска потврди дека во земјата се вратени 115 украински борци и рече дека тие се припадници на Националната гарда, вооружените сили, морнарицата и Националната гранична служба.

Размената е остварена, како и многубројните претходни, со посредство на Обединетите Арапски Емирати, кои рекоа дека се „сигурен посредник кој ја поддржува дипломатијата за решавање на кризата меѓу двете земји“.

Министерството за надворешни работи на Емиратите преку соопштение вети дека ќе продолжи со сите напори и иницијативи насочени кон изнаоѓање мирно решение и дека единствен начин за решавање на конфликтот е преку деескалација.

Изненадната украинска офанзива започната на 6 август во рускиот пограничен регион Курск ја изненади Москва, а Киев се пофали дека заробил „стотици“ руски војници.

Според руските медиуми, овие затвореници се претежно регрути и граничари. Руските регрути не се борат во Украина, туку служат задолжителна воена служба од една година на национална територија и генерално немаат вистинско воено искуство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ