среда, 26 јуни 2024
Фудбалот испишува неверојатни приказни

Роден во Аргентина, работел како келнер на Мајорка а сега ќе игра на ЕВРО со Словачка: Чест ми е да се биде тука!

Фудбалот често знае да испише неверојатни приказни а такваа е онаа на Вернон Де Марко, кој ќе настапи на Европското првенство во дресот на Словачка.

Објавено на

часот

Сподели

Веројатно ретко кој слушнал за Вернон Де Марко во пресрет на Европското првенство, но 31 годишниот дефанзивец има неверојатна приказна која фудбалот често знае да ја испише.

Вернон Де Марко е роден во Аргентина, но поради големата економска криза која ја погоди земјата во 2001 година, тој со своето семејство се сели во Европа.

На десетгодишна возраст, во Австрија, ги има првите почетоци во спорт, почнал да тренира кошарка.

Неговата љубов кон фудбалот се активира на 12 години, кога се сели во Шпанија. Кариерата ја започнува во Мајока, а патот по кој одел, воопшто не бил лесен. Во аматерскиот клуб Констансија имал месечна плата од само 225 евра, пари кои едјва биле доволни за бензин, па почнува да работи.

„Сакав да живеам сам, па почнав да работам како келнер во еден хотел. Имаше и моменти кога размислував да го напуштам фудбалот“ – вели Де Марко.

Во 2012 добива телефонски повик кој ќе му го промени животот.

„Мислам дека беше среда, околу 11 часот навечер, ми се јави агентот и ме праша дали сакам да си ја пробам среќата во вторта лига на Словачка. Немав поим каде е оваа земја, ја барав на мапа“.

Трансферот во Михаловце му ја лансира кариерата, во 2015 обезбедува промоција во прва лига, а во 2016 потпишува со Слован Братислва. Во 2017 прави трансфер во Лех Познањ, за во 2021 да се врати во Слован Братислва.

Во меѓувреме добива и државјанство на Словачка, почнува да игра за репрезентацијата и против Малта постигнува деби гол.

Вернон Де Марко сега е во составот на Словачка за континенталниот собир во Германија и ќе биде дел од Европско првенство.

„Чест ми е да се биде тука, навистина сум горд по се она што поминав во животот, особено времето поминато во Михаловце“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ