Уште синоќа беше најавено дека Ристовски потпишува продолжување на соработката, а Динамо Загреб тоа официјално го потврди денеска.
„Многу сум среќен и горд за продолжувањето на договорот, зашто Динамо е клуб кој ме исполнува и за кој сум подготвен да се борам од меч во меч и да го оставам срцето на терен. Јас сакам да му заблагодарам на клубот зашто практично во пет минути договоривме сѐ – новиот договор и условите кои за мене беа задоволувачки“, рече Ристовски.
Македонецот во зимата 2021 година од Спортинг Лисабон пристигна во Динамо Загреб и веќе прерасна во еден од лидерите на тимот.