петок, 29 ноември 2024

Ревизорот не е надлежен за ревизија на државен субјект, реагира Петровска, разрешената директорка на градинката во Гази Баба

Објавено на

часот

Сподели

Како што тврди Петровска, за разрешувањето дознала од медиумите затоа што, таа моментално се наоѓа на боледување поради влошена здравстевна состојба на своето малолетно дете.

Приложувајќи документи од ревизијата за нејзината работа, Петровска вели дека ревизијата била извршена во март 2022 година откако градоначалникот Стефковски за прв пат добил предлог за нејзино разрешување.

„Но бидејќи во постапката за разрешување Министерството за труд и социјална политика по проверката на фактурите за слободни јавни набаваки утврди  дека нема пречекорување на законскиот минимум за слободна јавана набавка, тие дадоа негативно мислење по предлогот за разрешување, по што и самиот градиначалник го поништи своето решение за разрешување“, вели Петровска во демантот.

Во демантот, Петровска се осврнува и на прашањето како е можно ревизиски извештај да биде напаравен во време на мандатот на в.д.  директорката во период од три часа.

„Сакаме да појасниме дека ТП Ревизија Чулева не е надлежна за вршење на ревизија во ЈУДГ Детска Радост Скопје. Ненадлежноста произлегува од тоа што истата може да врши ревизија само во приватни субјекти. Со оглед на тоа што ЈУДГ Детска Радост Скопје е државен субјект, а не приватно правно лице јасно е дека ТП Ревизија Чулева е ненадлежна за вршење на ревизија. Нејасно е како градоначалникот Бобан Стефковски сега одржува прес конференции укажувајќи дека нема да дозволи незаконско работење кога овој извештај е веќе една година и досега ништо не презеде ако релано имало основ за разрешување“, реагира Петровска.

Петровска тврди дека никогаш не го добила спорниот извештај за направената ревизија и дека поради тоа била напревена ад хок ревизија од страна на Централната единица за хармонизација на системот на јавна внатрешна финансиска контрола која утврдила дека претходната спорна ревизија за работата на Петровска била со многу слаб квалитет.

Поради сето ова, Петровска смета дека разерушувањето е тенденциозно и со намера да ѝ се наруши нејзината чест како и угледот.

Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски вчера на прес конференција објави дека ја разрешил директорката на градинката „Детска радост“, Анета Петровска затоа што според него, таа незаконски трошела службени пари.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ