„Читајте, учете во името на вашиот Господар кој создаде сè, императив што му даде вистинска насока на спознавањето на Сторителот и неговото творење. Но, најголемата вредност на овој месец е постот на неговите денови, со што ја почитуваме Алаховата заповед со исполнување на еден од основните столбови на исламот. Со ова, верникот во пракса го потврдува поврзаноста со својот Створител, ја подигнува свеста за доброто, мирот, солидарноста, грижата за човекот и ја реформира неговата личност, подготвувајќи го секогаш да биде во служба на доброто“, порачува реисот Фетаи.
Рамазанот и постот на неговите денови создава големо духовно задоволство за да бидеме што поблиску до милоста Божја, и ни дава можност да се обратиме кон Неговото Величество, со нашите најискрени молитви за опрост на нашите гревови и евентуални недостатоци, а истовремено во нас буди чувство на блискост, љубов, великодушност и меѓусебно помагање, рече реисот Фетаи.
Тој на сите верници од Македонија им го честита почетокот на светиот месец Рамазан, посакувајќи им „силна верба во Бога, добра волја и висока свест за извршување на постот, молитвите и добрите дела“.