четврток, 12 декември 2024

Мицкоски разочаран од „неризикувањето“ на банките во однос на каматите за унгарскиот кредит

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прашање на новинарите дали треба преку буџетот да се субвенционираат каматните стапки за бизнисот во однос на кредитот од Унгарија, нагласи дека не може да го сокрие неговото разочарување бидејќи очекувал сите заедно, „да работиме за интересот на државата и на граѓаните и секој да понесе дел од одговорноста“.

Објавено на

часот

Сподели

„Не очекував дека можеби така од другата страна ќе се потпреме на ризик повеќе, дека тие сепак сносат ризик, што е факт. Нема дилема дека банките сносат ризик, но исто така и државата сноси ризик, како и граѓаните. Мораме заедно да го поделиме тој ризик, тоа беше суштината. Но, ние како Влада мораме да напривме сè што е во наша моќ, да ја направиме економијата поконкурентна и да обезбедиме повеќе инвестиции“, изјави денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски по извршениот надзор на патниот правец Прилеп-Битола, дел од Коридорот 10д.

Мицкоски е дециден дека преку добар бизнис и здрава економска средина, „и граѓаните имаат бенефит, сите имаме бенефит и ние треба се да направиме тоа да се случи. Сè што е во наша моќ како Влада, треба да нарпавиме да се случи“.

„Не можам да го сокријам моето разочарување. Очекував сите заедно да работиме за интересот и на државата и на граѓаните, и секој да поднесе дел од одговорноста. Не очекувам некој да биде алтруист, не очекував дека банките ќе бидат алтруисти, но исто така не очекував дека ќе се доведеме до една ваква ситуација. Но, тоа е што е, ние треба да се подготвиме и да го помогнеме бизнисот, бизнис-околината треба да биде што е можно поздрава. Ние како Влада ќе сториме сè што е потребно да ја направиме поконкурентна нашата економија, да ја зголемиме продуктивноста, да го зголемиме вложувањето во инвестиции што ќе донесат поголем извоз и повеќе пари во буџетот, а со тоа повеќе пари за граѓаните“, изјави премиерот.

Мицкоски информира дека сè уште не се заврешни тие преговори и се очекува ставовите да се доближат уште повеќе.

„ Нашиот став е дека под истите услови сакаме тие 250 милиони да ги дадеме на бизнисот, за да може тој  да се развива. Односно – 3,25 проценти каматна стапка, три години грејс период и дополнителни 12 години рок на отплата, вкупно 15 години“, рече премиерот Мицкоски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ