среда, 11 декември 2024

Со агресија и закани нападнат Никола Димитров, поранешен министер за надворешни работи

Поранешниот министер за надворешни работи и претседател на невладината организација „Солуција“. Никола Димитров во објава на Фејсбук соопшти дека изутрината додека пазарел бил нападнат од човек кој не го познава, како што пишува, со „агресија и закани“.  

Објавено на

часот

Сподели

Димитров наведува дека случајот го пријавил.

„ Утрово додека нешто пазарев имав непријатна случка со човек кој ни го знам, ни го познавам, а кој ме нападна со агресија и закани. Не знам точно зошто, оти не кажа, веројатно политички, а јас политички сум толку свој што може од сите страни да бил инспириран. Шегата настрана, ние сме јавни личности, ние мораме да имаме повисок праг на толеранција на критика и да сме свесни дека не сите граѓани ќе ја почитуваат или ќе се задоволни од нашата работа. Но, во моментот кога таа критика е изблик на вербална или физичка агресија, мора да се реагира. Должност е да се реагира. Затоа и случајот уредно го пријавив. Јас сум добро, самиот инцидент не сакам ни да го коментирам, си бркаат работа органите на редот, ама очигледно не е добра македонската демократија и тоа си заслужува коментар“, се наведува во објавата од Димитров.

Димитров беше министер за надворешни работи во поранешната Влада на СДСМ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ