петок, 13 декември 2024

Папата се молеше над гробовите на неродените деца во Рим

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, одржа молитва во „Градината на ангелите“, дел од гробиштата Лаурентино во Рим каде што се наоѓаат гробовите на мртвородените деца и фетусите кои починале како резултат на медицински процедури, вклучително и абортус.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Пред мисата, тој застана во тивка молитва над гробовите на децата кои никогаш не се родиле, област која ја чуваат две мермерни статуи на ангели. Папата положи букет бели рози пред гробовите на децата.

Франциско исто така беше на гробиштата Лаурентино во ноември 2018 година, и тогаш како и денес, на Денот на сите мртви (Задушница).

Папата честопати нагласува дека „нема зборови“ за болката на родителите кои губат дете.

Папата го потврди својот традиционален став против абортусот на крајот на септември, кога, враќајќи се од патување во Белгија, ги нарече лекарите кои вршат абортуси „платени убијци“.

Претходно во септември, на прашањето за претстојните избори во САД, Франциско рече дека гласачите треба да го изберат „помалото зло“ кога избираат меѓу кандидатот кој сака да депортира мигранти и оној што ги поддржува правата за абортус – мислејќи на Доналд Трамп и Камала Харис.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ