петок, 13 декември 2024

Медведев: Влезот на Украина во НАТО може да доведе до трета светска војна

Дмитриј Медведев, заменик-шеф на рускиот Совет за безбедност, поранешен претседател на Русија и Путинов човек, даде изјава за РТ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Медведев за руската телевизија изјави дека влезот на Украина во НАТО може да доведе до трета светска војна. На социјалната мрежа ВКонтакте се осврна на САД и новата личност која ќе биде на чело на Америка.

„Ако следниот американски лидер продолжи да додава масло на руско-украинскиот конфликт со истиот жар, тоа ќе биде многу лош избор бидејќи тоа ќе биде пат до пеколот. Ова навистина би го отворило патот за трета светска војна“, додаде тој.

„Кој и да одлучи да ја продолжи војната, ќе направи многу голема грешка“, напиша Медведев.

Медведев изјави дека длабоката држава во САД сака нова глобална војна. „Ниту една длабока држава не може да преживее ако планетата не е погодна за живеење“, изјави тој.

Според Медведев, тој вели дека „американските елити грешат ако мислат дека Русија не е подготвена да премине одредени граници и да користи нуклеарно оружје за да се заштити“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ