По само неколку секунди од почетокот на мечот, Реал Мадрид поведе со 1-0 со гол на Лукас Васкез по додавање од Винисиус.
На пет минути до крајот на првото полувреме Мбапе по едно одлично еден-два додавање со Белингем реализираше за 2-0.
По три минути игра во вториот дел Родригез по еден соло продор меѓу нозе на гостинскиот голман погоди за 3-0.
Реал Мадрид доминираше на теренот и имаше огромна предност, па се чинеше дека мечот е готов.
Но, Бенавидез даде гол во 85. минута, а во следната погоди и Гарсија за 3-2 и драма на крајот.
Реал Мадрид сепак издржа до крајот и дојде до трите планирани бода.