Осаменоста го зголемува ризикот од мозочен и срцев удар, развој на дијабетес, депресија, анксиозност и, во екстремни случаи, самоубиство, соопшти СЗО.
Забележано е дека осамените тинејџери имаат 22 отсто поголеми шанси да постигнат пониски оценки на училиште во споредба со нивните врсници кои не се осамени. Во исто време, осамените возрасни имаат потешкотии да најдат и да задржат работа.
Влијанието на осаменоста не е само индивидуално, туку и социјално – се изразува во милијарди трошоци за функционирање на здравствените системи и губење на работни места.
Потпретседателот на комисијата на СЗО, Вивек Марти, ја дефинира осаменоста како „болно, субјективно чувство што многумина од нас го доживуваат кога врските што ни се потребни не се совпаѓаат со оние што ги имаме“. Спротивно на тоа, социјалната изолација претставува објективна состојба на намален број на контакти, врски или интеракции.
Во извештајот се проценува дека во денешниот свет, секој трет постар човек и секој четврти адолесцент се социјално изолирани.
Марти истакнува дека луѓето со милениуми се навикнати да комуницираат, не само со зборови, туку и со изрази на лицето, говор на телото, тон на гласот или само тишина, таквите облици на комуникација се губат кога луѓето се потпираат исклучиво на мобилните телефони и социјалните мрежи.