сабота, 5 јули 2025

Луѓето со оваа крвна група живеат најдолго и ретко страдаат од сериозни болести

Крвната група влијае на целокупната здравствена состојба, секоја има свои карактеристики и слабости, но едната е најотпорна на болести. Затоа нултата крвна група се смета за карактеристика на долговечните луѓе.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Докажано е дека луѓето со крвна група нулта (0) имаат помал ризик од развој на кардиоваскуларни болести, како што се мозочен и срцев удар. Покрај тоа, постои помала веројатност за развој на одредени видови рак, пренесува списанието Тајм.

Крвта од нулта група содржи помалку молекули кои можат да предизвикаат формирање на згрутчување на крвта, што придонесува за срцев удар или мозочен удар. Отпорноста на најопасните болести значи поголеми шанси за долг живот.

„Се чини очигледно дека избегнувањето на болести е дел од стратегијата за долговечност. Сепак, постои верување дека сите придобивки кај стогодишниците доаѓаат од гените против стареење“, изјави Стјуарт Ким, професор по биологија и генетика на Универзитетот Стенфорд, кој ги презентираше резултатите од истражувањето на својот тим пред неколку години.

Во потрага по тајната на долговечноста, биле испитани гените на 800 стогодишници и 5.400 деведесет годишни лица. Истражувачите откриле дека промените во четири гени се многу важни за брзината на стареењето: ЦДКН2Б, кој игра важна улога во клеточната делба, ген АБО, кој се однесува на крвната група, АПОЕ, што влијае на склоноста на телото да развие Алцхајмерова болест; и генот СХ2Б3, кој го продолжува човечкиот живот.

Како што објаснија авторите на студијата, одредени генетски промени почесто се случуваат кај луѓето кои живеат до 100 години, а што се однесува до крвната група – тоа е нулта група.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ