четврток, 21 ноември 2024

Раичевиќ и Фетаи реагираат на одлуката на Советот на јавни обвинители

Обвинителките Фатиме Фетаи и Лидија Раичевиќ вчера од Советот на јавни обвинители беа прогласени за неподобни за избор на државен јавен обвинител. Во изјави за медиумите тие сметаат дека се работи за класична манипулација и дека членовите на советот ќе мора оваа одлука подетално да ја образложат.

Објавено на

часот

Сподели

Обинителката Лидија Ричевиќ беше прогласена за неподобна за да стане државен јавен обвинител. Таа синоќа за ТВ Телма изјави дека аргументите изнесени за изборот ќе мора да бидат образложени на поадекватен начин.

„Огорченоста е голема поради карактеристиките и квалификациите кои се даваат, а нема соодветно решение. Доста е од сите можни инсталации и од сите можни манипулации. Колку и да се обидуваат да ги скријат, во иднина сами по себе ќе излезат. Можеби нема да бидам јас во обвинителството, но ќе дојде време кога вистинските вредности ќе се вреднуваат и самите членови во советот ќе кажат – да ова е одличен кандидат. Можеби и сега е таков случајот, јас не го познавам колегата Љупчо Коцевски“, вели Раичевиќ.

На прашањето за кави манипулации станува збор таа го објасни случајот кога врз основа на нејзин научен став таа не добила можност за да го продолжи својот мандат во Обвинителството за организиран криминал.

„Јас бев во Организиран криминал 4 години и тогаш добив еден записник, реков ќе се бавам и со научна работа за тоа дали треба да се преиспитаат односите на хиерархија и субординација во обвинителството. И тоа беше искористено како аргумент да не добијам нов мандат во организиран криминал. Бидејќи таа аргументација ја нема својата сила на факти, тврдат нешто што е точно, јас ја сметам за дисквилификациски момент којшто е резултат на некаков договор на секој начин да бидам отстранета од Обвинителството за организиран криминал“, рече Раичевиќ.

Обвинителката Фатиме Фетаи отпадна од трката за државен јавен обвинител поради некомплетна документација. Фетаи го повика Советот да одговори и да покаже на јавноста колку од сите избрани обвинители имаат доставено уверение за деловна способност. Таа притоа вели и дека никој од кандидатите не доставил уверение за познавање на македонски јазик. Впрочем јас доставив и лекарско уверение каде што јасно и гласно пишува дека сум психофизички способна за да ја извршам оваа работа. Сметам дека Советот на јавни обвинители треба уште еднаш да ја преиспита својата одлука. Сите сме луѓе и некогаш може да згрешиме, ненамерно“, вели Фетаи.

Од тројца кандидати само Љупчо Коцевски го помина филтерот во Советот на јавни обвинители во борбата за тоа кој ќе го наследи Љубомир Јовески на функцијата државен јавен обвинител. Коцевски доби едногласно позитивно мислење и сите членови на советот имаа само пофални зборови за него за време на дискусијата. За обвинителката Лидија Раичевиќ сите дадоа негативно мислење.

Обвинителот во Републичкото обвинителство, Љупчо Коцевски, останува осамен во трката за државен обвинител. Предлогот на Советот на јавни обвинители сега треба да оди во Влада, а оттаму до Собранието на гласање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ