вторник, 19 ноември 2024

Прво физички го нападнал, па го пријавил за бесправна сеча на дрва…

На 18.11.2024 во 14.40 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Н.И.(70) од Гостивар. Претходно, тој бил пријавен од З.М.(55) од Гостивар дека врши бесправна сеча на огревно дрво на место викано Крст во с.Сушица, Гостиварско.

Објавено на

часот

Сподели

Извршен бил увид во содејство со вработени во Шумска полиција, при што било констатирано дека биле исечени 19 стeбла огревно дрво на државно земјиште, кои биле одземени од него. Н.И. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава. Потоа, во 17.20 часот во Полициската станица Гостивар, Н.И. пријавил дека околу 10.00 часот на истото место во с.Сушица бил физички нападнат од З.М., кој користел и дрвен предмет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ