среда, 11 декември 2024

Албански државјанин преку Македонија сакал да прошверцува монети со археолошка вредност

Вчера вечер на граничниот премин Табановце, на излез од Македонија, полициски службеници го лишиле од слобода В.А од Албанија. При преглед и контрола на автобус со албански национални ознаки, со кој се превезувал на релација од Албанија до Италија, В.А. бил селектиран за дополнителна контрола, при што во неговиот багаж биле пронајдени три кеси со 3.622 монети со археолошка вредност, различни по форма, вредност, големина и потекло.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти МВР, со осомничениот бил извршен службен разговор и за настанот бил запознаен јавен обвинител, по чија наредба монетите биле одземени за понатамошна постапка. В.А. бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава за присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ