петок, 29 ноември 2024

Прва победа на Манчестер јунајтед под водство на Аморим, Тотнем и Рома одиграа реми

Денеска се одигра коло од Лига Европа, Манчестер јунајтед дојде до првиот триумф под водство на новиот тренер Рубен Аморим откако го совлада Бодо/Глимт со 3-2, интересен дуел одиграа Тотнем и Рома кој заврши нерешено 2-2.

Објавено на

часот

Сподели

Манчестер јунајтед поведе по само неколку секунди игра со гол на Гарначо, но потоа следуваше шок. Во 19. минута Евјен изедначи на 1-1, а четири минути подоцна Зинкернагел донесе водство на Бодо/Глимт од 2-1.

Пред самиот крај на првото полувреме Хојлунд изедначи на 2-2. Со тој резултат се отиде на одморот.

По пет минути игра во второто полувреме Хојлунд даде втор гол овојпат за нов пресврт, водство на Јунајтед од 3-2, што беше и конечен резултат.

Сон со гол од пенал уште во петтата минута му донесе водство на Тотнем од 1-0, но во 20. минута Ндика изедначи на 1-1.

Во 33. минута Тотнем дојде до ново водство, Џонсон реализираше за предност од 2-1.

Се чинеше дека англискиот тим ќе го добие овој меч, но во 91. минута Хумелс даде гол за израмнување на 2-2.

Резултати:
Андерлехт – Порто 2-2
Атлетик Билбао – Елфсборг 3-0
АЗ Алкмар – Галатасарај 1-1
Бешикташ – Макаби Тел Авив 1-3
Динамо Киев – Викторија Плзен 1-2
Лацио – Лудогорец 0-0
Карабаг – Лион 1-4
РФС – ПАОК 0-2
Брага – Хофенхајм 3-0
ФКСБ – Олимпијакос 0-0
Ференцварош – Малме 4-1
Манчестер јунајтед – Бодо/Глимт 3-2
Митјиланд – Ајнтрахт 1-2
Ница – Ренџерс 1-4
Реал Сосиедад – Ајакс 2-0
Славија Прага – Фенербахче 1-2
Тотнем – Рома 2-2
Твенте – Ројал Унион 0-1

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ