Ревидираното обвинение ги содржи истите четири кривични точки против Трамп, но тие сега се однесуваат на неговиот статус како политички кандидат, а не на претседател. Трамп ги отфрли обвинувањата за мешање во изборите, иако остана на своето тврдење дека имало измама на изборите во 2020 година, пренесува Би-би-си.
Според новиот или ревидираниот обвинителен акт, поднесен од специјалниот обвинител на Министерството за правда, Џек Смит, Трамп е обвинет за заговор против САД, заговор за попречување на службената постапка, обид за попречување на службена постапка и заговор за кршење на законот. Трамп на својата социјална мрежа Трут соушл изјави дека новото обвинение е рестартирање на неуспешниот лов на вештерки.
Во новиот документ, кој беше намален од 45 на 36 страници, обвинителите ги сменија условите на обвинението за да се усогласат со пресудата на Врховниот суд за претседателскиот имунитет. Во обвинението се наведува дека Трамп дејствувал како граѓанин, а не како претседател, кога се обидел да влијае на изборите.