четврток, 21 ноември 2024

Проработе веб страницата на МЕПСО откако минатата недела ја нападнаа хакери

Веб страницата на Македонскиот електропреносен оператор МЕПСО АД Скопје по минатонеделниот кибер напад, денеска повторно е во функција, а во разрешување на проблемот улога имала и странска помош.

Објавено на

часот

Сподели

Од МЕПСО на 7 март информираа дека се цел кибер напад, но оти целосниот интегритет на електро-енергетската мрежа и снабдувањето со електрична енергија не се загрозени.

Инцидентот, како што соопштија, бил пријавен кај сите надлежни институции согласно препораките и правилата за кибер безбедност, а стручните служби ги презеле сите мерки за ублажување на ефектите од нападот и во соработка со експерти  од областа работеле на нормализирање на секојдневната работа на компанијата.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, пак, во изјава за медиумите информираше дека за надминување на проблемот и целосно враќање во функција на компанијата се работело и со меѓународна поддршка.

Денеска Здружението на инженери на Република Македонија поставија прашање до надлежните органи колку се сигурни македонските институции од хакерски напади имајќи предвид дека неколку важни институции беа цел на напади, меѓу кои и МЕПСО што според инженерите, претставува голема закана по безбедноста, но и сигурноста на претстојните избори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ