среда, 26 јуни 2024
Фото: Вински музеј

Промовирана книгата „Ваташа“ на 81.годишнината од стрелањето на младинците

Вински музеј и Музеј галерија Кавадарци синоќа ја промовираа книгата „Ваташа”, по повод 81-годишнината од стрелањето на 12 ваташки младинци, од страна на тогашниот бугарски фашистички окупатор. Станува збор за драмски ораториум од драматургот Зоран Пејковски.

Објавено на

часот

Сподели

„Работен е врз основа на минатогодишното дело ‘Мемоари – сеќавање’ во издание на Вински музеј,  што пак претставува еден вид реконструкција на настаните пред и по тој кобен ден 16 јуни 1943 година, врз основа на сведештва на блиски другари, роднини и сопартијци“, рече Весела Честоева, директорка на Вински музеј, упатувајќи благодарност до кавадаречкиот градоначалник и Советот на Општината.

Четворица актери изведоа драматизација од овој ораториум.

Рецензенти на делото се Марјан Патлиџанковски и Александар Јордановски. Пред присутните се обратија и Јордановски и Пејковски, како и директорот на Музеј галеријата, Јаким Зимоски, и претседателот на општинскиот Совет, Стојанче Рамов.

Во текот на денешниот ден, ќе биде положено цвеќе пред споменикот на 12 ваташки младинци во месноста Моклиште кај кавадаречкото село Ваташа, а ќе има и културно уметничка програма.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ