Ова на својот Фејсбук-профил го соопшти градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој ги повика граѓаните да го користат природниот гас за поголема лична благодет и за почиста Струмица. Тој информираше дека се исплатени и субвенциите за потрошен природен гас за периодот од април до септември годинава.
„ Оваа година на вкупно 160 домаќинства приклучени на гасоводната дистрибутивна мрежа им се исплатени субвенциите во износ од 10,00 денари од кубен метар потрошен прирoден гас“, објави Костадинов.
Инаку, цената на гасот за затоплување е 5,77 денари за киловат час и според информациите од ЈПЕД „Струмица гас“ за грејната сезона е обезбедено редевно снабдување на потрошувачите.