среда, 4 декември 2024

Квалитетно патно и железничко поврзување на Македонија и Косово, тема на средбата на министрите за транспорт

Во рамки на заедничката седница меѓу владите на Македонија и на Косово, денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски заедно со заменик- министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шакири, оствариле билатерална средба со Либурн Алиу, министерот за транспорт на Косово. 

Објавено на

часот

Сподели

Во фокусот на средбата, како што соопштија од Министерство за транспорт, било квалитетно поврзување меѓу двете земји со посебен акцент на патното и железничкото поврзување.

Вицепремиерот Николоски истакнал дека Македонија е влезена во силен инвестициски циклус во изградба на модерна патна и железничка мрежа, притоа потенцирајќи дека не се отстапува од автопатско поврзување меѓу двете земји. На средбата, исто така се отворила и темата за повторно воспоставување на железничкиот сообраќај  и изградба на заедничка железничка станица.

„Имаме добри билатерални односи со Косово и тоа се потврдува со денешната заедничка седница меѓу двете влади. Косово е наш сосед, економски значаен партнер и мораме заеднички да работиме на регионалниот развој и соработка. Со министерот Алиу разговаравме за заеднички проекти како би го забрзале економскиот развој на регионот и ќе придонесеме за подобра комуникација, олеснување на транспортот и создавање на подобри услови за граѓаните и компаниите“, истакнал заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

На средбата се раговарало и за подобрување на условите во патниот транспорт и превозот на патници. Министрите се согласиле за интензивирање на соработката и унапредување на политиките што се однесуваат на регионалното поврзување.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ