„ Јас тоа го дознав од новото раководство во Агенцијата за електронски комуникации, коешто беше избрано во парламентот пред отприлика две недели – дека раководството на одење потпишало Колективен договор заедно со директорот, кој што е кадар на Демократската унија за интеграција, овие кои што се грижат за стандардот и се загрижени многу кој е легитимен, кој не е легитимен. Потпишале ваков Колективен договор кој претходно никогаш не бил потпишан, ниту имало потреба од него, кога сите знаеме колкави и какви се примањата во Агенцијата за електронски комуникации. Добрата вест е што новото раководство, новиот Управен одбор прво што ќе направи е да ја стопира оваа одлука и ќе ги преземе сите механизми што стојат на располагање овој колективен договор да биде ништовен. Колективниот договор, ќе повторам, го потпишало претходното ракводство каде што членот, односно претседателот на Управниот одбор е од СДСМ, а директорот којшто во моментот сѐ уште ја извршува таа позиција е од редовите на ДУИ“, истакна Мицкоски.