За да се случи тоа, Израел мора да се усогласи и да се повлече од спорните територии на планината Дов, ридот Кфар Чуба и либанската страна на селото Гајар, изјави Микати.
Решението за сегашните прекугранични непријателства е „примената на меѓународните резолуции“, вклучувајќи ја и резолуцијата 1701, рече Микати.
„Целосно сме подготвени да се посветиме на нивното спроведување, под услов израелската страна да го стори истото и да се повлече од окупираната територија, во согласност со меѓународните закони и резолуции“, додаде Микати, пренесува Тајмс оф Израел.
На границата меѓу Либан и Израел се забележува ескалација на огнот, главно меѓу ИДФ и терористичката група Хезболах, поддржана од Иран, од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас.
Резолуцијата 1701 на Советот за безбедност на ОН, која стави крај на војната меѓу Израел и Хезболах во 2006 година, повика на отстранување на вооружениот персонал јужно од реката Литани во Либан, освен мировните сили на ОН, либанската армија и силите за државна безбедност.