среда, 27 ноември 2024

Позитивен развој на односите меѓу Руската Федерација и Монголија (ВИДЕО)

Односите меѓу Руската Федерација и Монголија се развиваат во сите правци, нагласи денеска рускиот претседател Владимир Путин за време на разговорот со неговиот монголски колега Унагин Хурелсух во Улан Батор.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Разговорите меѓу рускиот и монголскиот лидер се одржаа во јурта, традиционален монголски номадски шатор поставен во зградата на Државната палата во главниот град на Монголија, пренесува РИА Новости.

„Покрај економската и политичката сфера, каде што активно соработуваме, би ја истакнал и ефективната работа во хуманитарните области, особено во областа на образованието. И покрај сите тешкотии, вклучително и оние што ги спомена претседателот на Монголија, како и историја на ковид, сепак влеговме на патот на раст на трговските односи и трговскиот сообраќај“, рече рускиот претседател и додаде дека „билатералната меѓувладина комисија работи активно и нејзината работа дава резултати“.

Претседателот на Монголија ја прифати поканата на Путин да присуствува на самитот на БРИКС+ во Казан во октомври оваа година. „Ви благодарам, ја прифаќам вашата покана“, изјави монголскиот претседател Хурелсух.

Ова е прво патување на Путин во земја која е потписничка на статутот на Меѓународниот кривичен суд (МКС) кој пред 18 месеци издаде налог за негово апсење, на што особено укажуваат западните медиуми.

Одговарајќи на новинарско прашање дали имало преговори со монголските власти за ова прашање, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека сите аспекти на патувањето биле внимателно подготвени.

Предистражниот совет на МКС, чија јурисдикција не ја признава Русија, издаде налог за апсење на Путин и детскиот правобранител Марија Лвова-Белова.

Портпаролот на монголската влада во изјава за бриселскиот портал Политико рече дека земјата е во позиција на енергетска зависност, поради што е тешко да се стават лисици на Путин по наредба на Меѓународниот кривичен суд за воени злосторства во Украина.

„Монголија увезува 95 отсто од своите нафтени деривати и над 20 отсто од својата електрична енергија од нашето непосредно соседство, кои претходно беа прекинати поради технички причини. Ова снабдување е клучно за да се обезбеди нашето постоење и егзистенцијата на нашиот народ“, рече портпаролот.

„Монголија отсекогаш одржувала политика на неутралност во сите нејзини дипломатски односи, како што е прикажано во нашите претходни изјави“, додаде тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ