Овие податоци се засноваат на телефонска анкета спроведена во јуни на примерок од 1.200 испитаници, чии резултати беа објавени денеска.
Поддршката за евроинтеграциите на ниво на цела држава е 71,2 отсто.
Во Федерацијата Босна и Херцеговина оваа поддршка е уште посилна, бидејќи 83,8 отсто од испитаниците би поддржале влез на земјата во ЕУ.
Евроскептицизмот е очигледен во Република Српска, бидејќи само 48,3 отсто од луѓето што живеат во тој ентитет би гласале „за“ на евентуалниот референдум за влез на БиХ во ЕУ.
Во областа Брчко, 75 отсто жители би поддржале влез во ЕУ.
Само во Брчко е забележано зголемување на поддршката за евроинтеграциите во однос на истражувањето на јавното расположение спроведено од ДЕИ минатата година, додека кај двата ентитета е забележан пад на поддршката од околу два процентни поени.
Околу 40 отсто од испитаниците веруваат дека Босна и Херцеговина ќе влезе во ЕУ за десет години, додека речиси 25 отсто од испитаниците сметаат дека никогаш нема да стане членка на ЕУ.