сабота, 19 октомври 2024

Повеќето Европејци се неутрални во однос на Кина, додека Русија ја гледаат како противник

Објавено на

часот

Сподели

Од друга страна, и покрај приближувањето на Пекинг и Москва за време на руската агресија, европските граѓани се помалку желни за натпреварување и ривалство со Кина отколку Вашингтон и елитата во ЕУ, што го подвлекува длабокиот трансатлантски јаз кој може да има последици по безбедноста на Европа која и понатаму е зависна од американската поддршка на НАТО.

Повеќе од 60 отсто од Европејците веруваат дека Европа треба да „остане неутрална“ во воениот судир на САД и Кина околу Тајван, покажува анкетата објавена вчера.

Од друга страна, помалку од четвртина, 23 отсто, би сакале нивната земја да застане на страната на САД ако „Кина изврши инвазија на Тајван, а Америка застане во негова одбрана“.

Наодите на анкетата на Европскиот совет за надворешни односи (ЕЦФР), пренесува Тајмс, го истакнуваат длабокиот трансатлантски јаз меѓу Вашингтон и европското јавно мислење што би можело да има големи импликации за безбедноста.

„Перцепираната блискост на Европа со САД не Значи спремност САД воено да се поддржат против Кина, во хипотетичкиот судир околу Тајван“, навеле Јана Пуљерин и Павел Зверка, соработници на Европскиот совет за надворешни односи со седиште во Берлин.

Тие додаваат дека „и покрај вклученоста на Америка во спротивставувањето на Русија, малку Европејци веруваат дека треба да ја возвратат услугата“.

Во просек 62 отсто од анкетираните Европејци поддржуваат неутралност во однос на Кина. При што за тоа се четири петтини од Австријците, додека дури и во Полска, нај проамериканската членка на Европската Унија, мнозинство од 51 отсто се за неутралност. Поддршката на неутралноста ќе ги искомплицира односите и потенцијално ќе ја загрози поддршката на САД на европската безбедност како конфликтот во Украина продолжува.

Меѓутоа, додава Тајмс, тие бројки би можеле да се променат во случај на вистински судир на САД и Кина, бидејќи Тајван е географски оддалечен и, за разлика од војната во Украина, таква воена конфронтација изгледа малку веројатна.

Анкетата на ЕЦФР открива промена на мислење од почетокот на војната во Украина и сега во однос на 2021 година се удвоил бројот на Европејците кои Русија ја гледаат како противник или ривал, укажува Гардијан.

Иако петнаесет месеци откако Русија ја почна инвазијата на Украина, речиси две третини од Европејците ја гледаат Москва како противник или ривал отколку пред војната, мислењата за долгорочните односи со Русија и понатаму многу се разликуваат.

Анкетата покажува и дека големо мнозинство ја поддржуваат ЕУ да ги унапреди своите одбранбени капацитети наместо да зависи од САД.

Околу 64 отсто од анкетираните во 11 членки на ЕУ кажале дека Русија на Владимир Путин ја гледаат како конкурент (9 отсто) или како противник (55 отсто), што е двојно повеќе од бројот на оние кои така се чувствувале во анкета од 2021 година.

Меѓутоа, уделот на луѓето кои имаат исклучително негативен став за Русија варира – 74 отсто во Данска, 71 отсто во Полска, 70 отсто во Шведска, 67 отсто во Холандија, 62 отсто во Германија, додека во Италија така мислат 37 отсто, а во Бугарија само 17 отсто.

Околу 39 отсто Унгарци и 65 отсто Бугари Русија ја гледаат како сојузник или неопходен партнер. Авторите на извештајот оценуваат дека е загрижувачко тоа што е „Италија некаде помеѓу“, бидејќи другите ЕУ членки би можеле да стравуваат дека Рим ќе го преиспита својот проукраински став.

Помал процент Европејци, речиси половина (48 отсто), кажале дека мислат дека нивната земја треба да има само „ограничени“ односи со Русија ако војната заврши со мировен договор. Но и тука постојат разлики. Прекинот на сите врски со Русија најмногу е поддржан во Полска, 39 отсто, додека силна поддршка за целосна повоена соработка со Русија е искажана во Германија (26 отсто), Унгарија (32 отсто), Австрија (36 отсто) и во Бугарија (51 отсто).

Анкетата во која биле испрашани повеќе од 6.000 луѓе во 11 членки на ЕУ покажала дека граѓаните се помалку желни за ривалство со Кина од Вашингтон и европската елита. И покрај тоа што Кина се приближи кон Русија за време на војната во Украина, повеќето Европејци и понатаму ја гледаат Кина претежно како „неопходен партнер“, пишува Њујорк тајмс.

Економски санкции против Кина би поддржале 41 отсто од Европејците ако Пекинг ѝ пружи значителна воена помош на Русија во нејзината инвазија на Украина, додека 33 отсто се против таквиот потег.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ